HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити беше говорник на Сајбер самитот во Париз, а воедно...

МИОА: Министерот Алити беше говорник на Сајбер самитот во Париз, а воедно се сретна и со амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов

spot_img
spot_img

Дигитални експерти од ЕУ, политички лидери и врвни носители на јавни одлуки, беа учесници на Сајбер самитот во Париз на којшто се обрати министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Во својот говор, министерот Алити меѓу другото ја истакна потребата од подлабока соработка меѓу државите, во областа на сајбер безбедноста. На овој престижен настан во Париз, високите претставници имаа можност да разменуваат искуства и знаења во врска со развојот на едно дигитално општество, а се разговараше и за начините како да се изгради доверба во сајбер просторот.

Министерот Алити денеска во Париз се сретна и со амбасадорката на Република Северна Македонија Јадранка Чаушевска Димов.

На оваа срдечна и конструктивна средба, беше истакната важноста на работата на амбасадата во севкупниот  успешен придонес и добрата презентација на нашата земја во Франција и генерално во земјите на ЕУ.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте