spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески оствари средба со Десислава Готскова, шеф на Секеретаријатот на...

МП: Министерот Тупанчески оствари средба со Десислава Готскова, шеф на Секеретаријатот на РАИ-регионална антикорупциска иницијатива

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката, исполнетите обврски на Министерството за правда во РАИ, законската регулатива, имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси.

Министерот Тупанчески ја информираше Готскова за Планот за работа на Министертсвото за правда, законите кои се во собраниска процедура и во владина постапка. Посебен акцент беше ставен на законите за Академија на судии и јавни обвинители, за парнична постапка, Кривичниот законик и новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Договорено е во иднина да се зајакне соработката со институционалните мрежи и да се овозможи да се зголеми бројот на потписници на Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотната состојба.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...