spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Свечена академија по повод одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри

МЗ: Свечена академија по повод одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри

Mинистерот Беким Сали заедно со заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, присуствуваше на свечената академија по повод одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри и неделата на сестринството, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ).

– Улогата на медицинските сестри во справувањето со пандемијата, како и постепеното нормализирање на работата на здравствените установи е од витално значење за здравствениот систем и сето ова ја истакнува важноста на работата која максимално професионално ја извршуваат медицинските сестри, техничари и акушерки.

За таа цел, во континуитет се реализират активности за подобрување на условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал. Интенцијата е овој тренд и натаму да продолжи. Со ваков пристап, сметам дека заеднички можеме да придонесеме во унапредување на статусот на медицинските сестри во општеството, со што пропорционално ќе имаме и позадоволни пациенти, посочи министерот Сали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...