spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Државниот секретар Шукова на регионална конференција за праведна транзиција

МЖСПП: Државниот секретар Шукова на регионална конференција за праведна транзиција

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска, имаше свое обраќање на дводневната онлајн Регионална конференција за праведна транзиција, организирана во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени”, финансиски поддржан од Шведската агенција  за меѓународна соработка и развој – СИДА, а раководен од Еко-свест Скопје во соработка со партнерските организации Македонското здружение на млади правници (МЗПМ) и CVNP Foundation.

Државниот секретар Шукова на регионална конференција за праведна транзиција

Државниот секретар Шукова истакна дека со потпишување на софиската декларација за Зелената агенда, земјите од Западен Балкан се приклучија кон Енергетската заедница, што подразбира споделување на предизвиците од транспонирањето и спроведувањето на барањата од патоказот за декарбонизација.

– Ова поставува одредени предизвици во однос на капацитетите за известување, а ќе треба и да го прилагодиме нашиот правен систем на новите случувања на ниво на ЕУ (кои се доста динамични) и да се справиме со административната инфраструктура и подготвеноста на индустријата и инсталациите за тоа, за што е потребна акција на сите нивои. Свесни сме дека транзицијата не е, ниту смее да биде брзоплета и неправедна – рече  Шукова.

IMG_20220519_165227

Конференцијата е организирана со цел засегнатите страни од регионот на Западен Балкан да ги споделат своите искуства од имплементирањето на Праведната транзиција, земајќи го во предвид придвижувањето на економиите во регионот и обезбедување правична транзиција во енергетскиот сектор.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...