Градоначалникот Бобан Стефковски имаше чест да го отвори Меѓународниот турнир во стрелање ,,Гранд При Скопје’’, на кој општина Гази Баба беше домаќин и покровител.
Турнирот е во организација на Македонската спортска стелачка федерација и на истиот покрај учесници од Македонија се натпреваруваат учесници и од Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Косово и други држави.
Овој турнир е со едукативен карактер, кој испраќа силна порака дека оружјето треба да се користи за спортско рекреативни цели.
Натпреварувачите се натпреваруваа во стрелање со пиштол, револвер, пушка, снајперска ловна пушка и снајперска тактичка полуавтоматска пушка.
Оваа година општина Гази Баба е партнер во организација на голем број на спортски настани и активности во сите категории на спорт.
Извор: Општина Гази Баба