spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Нов концепт на носење на детални урбанистички планови

Гази Баба: Нов концепт на носење на детални урбанистички планови

Отпочнуваме со нов концепт на носење на детални урбанистички планови со наслов: Јавни и транспарентни постапки за носење на детални урбанистички планови.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, здруженија, невладини организации и други засегнати страни на заеднички дијалог во постапката при носење на деталните урбанистички планови.

Во општина Гази Баба во постапка се над 38 детални урбанистички планови кои ќе се донесат согласно реалните потреби на граѓаните. Со новиот концепт се става крај на постапките при носење на урбанистичките планови во затворени кругови.

Сите заинтересирани страни за деталните урбанистички планови кои се во постапка можат да дојдат секој вторник и петок од 08:30 до 11:30 часот кога се реализираат приемните денови во секторот за урбанизам и да се информираат за постапките.

Во следниот период градоначалникот Бобан Стефковски ќе ги покани на заедничка средба невладините организации и здруженија кои ја третираат областа на заштитата на животната средина и активно ги следат општините во носењето на плановите за и тие да бидат дел од донесувањето на плановите во општина Гази Баба.

Планската урбанизација и развој на општина Гази Баба ќе се реализира низ отворени и транспарентни постапки во кои последниот збор ќе го имаат нашите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....