Градоначалникот Бобан Стефковски вчера означи почеток на големата акција за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба за чија намена оваа година од Буџетот на општината се обезбедени 50.000.000 денари, што е прв пат досега да се обезбедат толку средства во само една година.
Започна асфалтирањето во н.м Инџиково и н.Ченто. Оваа акција е во рамки на големата пролетна градежна офанзива која е во тек во општината. Се градат канализациони системи, се реконструкраат спортски сали, се градат спортски и детски игралишта, а наскоро ќе започнеме и една нова училишна спортска сала и една нова детска градинка.
Извор: Општина Гази Баба