Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје деновиве поставија 70 заштитни столпчиња на повеќе градски сообраќајници за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки.
Заштитни столпчиња екипите на ЈП Улици и патишта денеска поставуваат на улицата Јордан Мијалков, на која во изминатите денови веќе поставија 30 столпчиња. Екипите деновиве поставија и над 40 заштитни столпчиња на булеварот Кузман Јосифовски Питу, булеварот Трета македонска бригада, на крстосницата на булеварот Јане Сандански со улицата Фрањо Клуз и на улицата Васил Ѓоргов.
Екипите на ЈП Улици и патишта ќе продолжат да поставуваат заштитни столпчиња и во наредниот период на сите сообраќајници за да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста на пешаците и за да се спречи непрописното паркирање на возилата.
Извор: Град Скопје