spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Активно се работи на политиката за отворени податоци

МИОА: Активно се работи на политиката за отворени податоци

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити имаше воведно обраќање на меѓународната конференција за отворени податоци на тема: „Податоците и културата на отвореност“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Во својот говор, министерот Алити се осврна на важноста од отворањето на податоците, како и на континуираните активности на МИОА во таа насока.

,,Заклучно со денес, на Порталот за отворени податоци се објавени 543 податочни сетови од 72 институции од јавниот сектор. МИОА во соработка со ,,Метаморфозис“, а во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, трет циклус работи на реализација на активности за поддршка на институциите во процесот на отворање на нивните податоци, како на пример Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавни набавки, Институт за јавно здравје и Генералниот секретаријат на Владата“, рече министерот Алити.

Министерот ги посочи активностите како: дводневна онлајн обука за членовите на тимовите за отворени податоци во петте институции, попис и каталогизација на податочните сетови,  приоритизација на податочните сетови, креирање и објавување на податочни сетови во отворен формат, како и креирање на интерни процедури за отворени податоци за институциите. Меѓу другото, спроведена е обука за обучувачи од страна на експерти  од Институтот за отворени податоци од Велика Британија, со учество на 12 претставници од 9 државни институции. Исто така изработен е автоматизиран вебинар (видео-обука) од 10 лекции за отворени податоци и нивно поставување на порталот data.gov.mk.

 

,,Во програмата за работа на Владата за 2022 година, е предвиден Законот за изменување и дополнување на законот за користење на податоците од јавниот сектор, односно усогласување со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор. Донесувањето на измената има за цел да придонесе за развојот на економијата односно раст на бруто-домашниот производ, зголемување на бројот на нови работни места како и развојот на иновациите. Со оваа регулатива се зголемува  транспарентноста во работењето на органите и институциите од јавниот сектор, се подобрува ефикасноста на работата на јавната администрација и се придонесува кон намалување на корупцијата на сите нивоа“, рече министерот Алити, додавајќи дека процесот ќе биде спроведен во широка консултација и учество на претставници од институциите и засегнатите страни.

На крајот на обраќањето, потенцираше дека отворените податоци подразбираат промена на културата на работа на институциите, се зголемува транспарентноста, а се нуди можност и за унапредување на истражувањата и можностите за бизнис. ,,МИОА се стреми и активно ќе работи на оваа политика и во иднина“, заклучи министерот Алити.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...