spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Активности на работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура

МИОА: Активности на работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура

Министерот Алити  ја поздрави одличната и напорна работа што е досега постигната со работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура , при што му се заблагодари на тимот  на  USAID CIDR-DAI  за дадената експертска и техничка поддршка.

Како резултат на успехот од CICWG#6 , МИОА беше домаќин на работилницата на која се разговараше за дефинирање на параметрите за управување во однос на проширувањето на секторите на критична инфраструктура во Северна Македонија.

Преку интерактивен процес предводен од засегнатите страни, CICWG#6 обезбеди јасни препораки до МИОА во врска со управувањето со сајбер безбедноста во Северна Македонија. CICWG#7 имаше за цел да го продолжи ова со обезбедување договор за дефиницијата за тоа, што претставува сектор на критична инфраструктура како и обезбедување на носители на одговорноста за истите.

Еден од највисоките приоритети на Министерот и Министерството за Информатичко општество и Администрација е засилување на сајбер капацитетот во нашата држава.

 

CICWG е форум креиран да ги олесни активностите кои се однесуваат на отпорноста на критичната национална инфраструктура за сајбер-безбедноста во Северна Македонија. Со основни членови вклучувајќи претставници од МИОА, МВР, МО и MKD-CIRT, CICWG делува како механизам за координација на клучните чинители, форум за соработка и цел за дефинирање на критична инфраструктура, проценка на ризик, планирање на начини за ублажување/отстранување на ризици, и развој и имплементација на механизми за споделување информации.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...