Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира граѓаните дека мерната станица во Тетово е во функција и го мониторира квалитетот на воздухот, но податоците не се видливи на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање заради проблеми со серверот. Податоците од оваа мерна станица се достапни на мобилната апликација AirCare.
Во моментот само податоците за концентрацијата на СО не се гледаат од причина што во мерната станица имало прекин на струјата и потребно е време да се поткрене системот. Очекуваме достапност на истите за 2-3 часа.
Извор: Влада