spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Комуналните редари изрекоа 8 казни за прекршување на Законот за...

Град Скопје: Комуналните редари изрекоа 8 казни за прекршување на Законот за јавна чистота

Комуналните редари на Град Скопје континуирано спроведуваат контроли на терен, при што изминатава недела се изречени 8 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.
Комуналните редари санкционираат несовесни граѓани за прекршоци како фрлање и оставање  отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање хартија, отпушоци, амбалажи и други отпадоци, фрлање стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности, продажба и излагање на земјоделски и на индустриски производи.
Покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари вршат и вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...