Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.75 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.18 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.25 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.45 %.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.25 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 712, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика