spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Увид во градежните работи за изградба на приклучоци во фекална...

Гази Баба: Увид во градежните работи за изградба на приклучоци во фекална канализација во Смилковци

Денес градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид во градежните работи на изградбата на приклучоците во фекалната канализација во населеното место Смилковци.

Со почетокот на изградбата на приклучоците, проектот за изградба на фекалната канализација во Смилковци влегува во завршна фаза. ЈКП „Гази Баба 2007“ e изведувач на активностите.

Изградбата на новите канализациони системи останува приоритет и во следниот период ќе започне третата фаза за изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев, втората фаза на фекалната канализација во Црешево, како и нова фаза на фекалната канализација во Трубарево – Чукур маало.

Додека пак, за населеното место Јурумлери ќе ја зголемиме динамиката на изградба на фекалната канализација.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...