Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар.
На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника.
Градот Скопје континуирано работи и реализира голем број активности за подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на лицата со попреченост.
Извор: Град Скопје