spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Отворена првата Правна клиника во Средното училиште Арсени Јовков во...

Град Скопје: Отворена првата Правна клиника во Средното училиште Арсени Јовков во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на отворањето на Правната клиника во средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“.
Правната клиника во рамките на училиштето СЕПУГС „Арсени Јовков“ има за цел подготовка и реализација на практична настава за учениците во училиштето, а истата на учениците ќе им понуди стручно усовршување, со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.
– Овој концепт е замислен како создавање на професионално место за учениците, идни млади правници, судии, адвокати, каде ќе можат да го надградат своето образование, во насока на спојување на теоретската настава со практично искуство. Ќе бидат креирани посебни наставни програми за обука со примена на симулации и други методи на интерактивна работа – кажа во своето обраќање градоначалничката Арсовска.
Арсовска додаде дека за првпат се отвора ваква правна клиника во средните училишта и посака да биде позитивен пример за преостанатите училишта, бидејќи така се овозможува спроведување на современа и квалитетна настава која на учениците ќе им овозможи креативно, интелектуално и позитивно оформување и надградување.
Правната клиника претставува интерактивен метод на едукација на учениците, креативна можност за усовршување на правните вештини и практицирање на правото, каде што учениците учат преку работа на реални случаи. Ваквите клиники за првпат се појавуваат во 60-те години од минатиот век во правните факултети низ светот и истите имаат дадено одлични резултати.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...