spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски на увид - реконструкцијата на “Живко Фирфов” се интензивира

Кисела Вода: Ѓорѓиевски на увид – реконструкцијата на “Живко Фирфов” се интензивира

По привремениот застој, продолжуват градежните активности на улицата „Живко Фирфов“.

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во целосната реконструкција на оваа фреквентна улица во населбата Драчево, каде во должина од речиси еден километар се врши замена на асфалтот со нов, се обновуваат тротоарите, а ќе бидат поставени и нови лед светлосни арматури.

Во комуникацијата со фирмата изведувач, тој се информираше околу досегашните пречки и начинот на кој биле надминати. Доби уверување дека во периодот што следи, ќе се работи со засилена динамика и дека роковите предвидени за завршување на овој проект ќе бидат запазени.

Инаку, реконструкцијата на улицата „Живко Фирфов“ се одвива преку Проектот за поврзување на локални патишта на Министерството за транспорт и врски, преку кој Општина Кисела Вода доби средствата од Светска банка. Се работи за улица која поради својата местоположба во своето секојдневие ја користат речиси сите жители на Драчево и на чија надземна инфраструктура не е интервенирано со децении.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...