spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Работилници за инспекциските служби

Кисела Вода: Работилници за инспекциските служби

Работилници наменети за локалните инспекциски служби од општините во Скопскиот регион и Град Скопје, се одржуваат денес во Големата сала на Општина Кисела Вода.

 

Во насока на обезбедување на ефикасност, компетентност, независност и транспарентност во заштитата на јавниот интерес, денес стотина инспектори учествуваат на овие работни средби, каде предавачи се д-р Благоја Гешоски, експерт и член на Инспекциски совет, и доц. д-р Мери Петреска од Државниот инспекторат за земјоделство.

 

Темите на кои денес се дискутира се Зајакнување на соработката меѓу Инспекцискиот совет и локалните инспектори, Законoт за инспекциски надзор, општините и неговата примена и како до ефикасна инспекциска служба на локално ниво, преку примена на Законот за прекршоците.

Овие активности се организираат во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, што го спроведуваат партнерските организации НВО Инфоцентар од Скопје, Центарот на заедницата на општина Струга и Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР од Крива Паланка. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, а се спроведува во соработка со Инспекцискиот совет на Република Македонија.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Карпош: Субвенции за постоечки и поставување на нови лифтови во зградите

0
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка...