Сојузот на синдикатите на Македонија вчера до пратениците достави предлог со амандман со кој бара измена и дополнување на буџетот односно предвидување на средстава со кои основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје да се зголеми за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година сметано од 01.07.2022 година со ребалансот на буџетот.
Сојузот на синдикатите на Македонија го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година поднесен од Влада на Република Северна Македонија и изненадени сме поради фактот што од страна на предлагачот иако се водени преговори помеѓу претставници на Владата и Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор и дадена е согласност од страна на учесниците во преговорите од страна на Владата и знаеле за обврската за услогласување на палатите на работниците во јавниот сектор согласно Законот за имзменување и дополнување на Законот за минималната плата објавен во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година истиот и покрај договорееното не се предвидени финансиски средства за усогласување на платите на вработените во јавниот сектор и на таков начин се прави груб обид за изигрување на вработените во јавниот сектор за усогласување на нивните плати.
Очекуваме поддршка од сите пратеници, а особено од партијата која не прозва да поднесеме предлог во насока на обезбедување на финансиски средства за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година.
Доколку и народните избраници, претставници на партиите, останат неми на легитимните барања на работниците и Сојузот на синдикатите на Македонија, не преостанува ништо друго освен семасовен генерален штрајк на 22.06.2022 година, а тоа докажува дека ССМ сам води борбата за зголемување на платите на работниците во јавниот сектор, а политичарите водат единствено борба за нивните лични и партиски интереси.
Со почит,
Сојуз на синдикатите на Македонија