spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Финансиска поддршка од ЕИБ за изградба на Инфраструктурни објекти

МТВ: Финансиска поддршка од ЕИБ за изградба на Инфраструктурни објекти

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во рамки на Самитот за патишта на Западен Балкан што завчера  се одржува во Тирана, оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската Инвестициска Банка за Република Северна Македонија како и со Матео Ривелини, директор на ЕИБ за Западен Балкан и Турција.

 

На средбата се разговараше за можноста за финансиска поддршка за изградба на третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија, делницата од Крива Паланка до граничниот премин Дебе Баир.

 

Министерот Бочварски истакна дека изградбата на пругата на Коридорот 8 е од економско значење за сите земји во регионот и оттука ја потенцираше потребата од финанско заокружување на овој проект.

 

На средбата се разговараше и за реализацијата на проектот за изградба на водоснабдителни системи што се реализира преку Министерството за транспорт и врски со поддршка од Европска Инвестициска Банка.

 

Преку овој проект Министерството за транспорт и врски до сега реализираше преку 150 потпроекти за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони системи во општините во Република Северна Македонија за што се инвестирани 40 милиони евра.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...