spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Денеска привремен прекин на сообраќајот од Св.Стефан до Св.Наум

МВР: Денеска привремен прекин на сообраќајот од Св.Стефан до Св.Наум

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува жителите на Охрид дека денеска (08.06.2022), за редовен сообраќај привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св.Наум. Привременото затворање ќе започне во 15.00 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св.Стефан“ сѐ до туристичкиот комплекс „Св.Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...