Инспекторите од општината и вработените во јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 беа заедно на терен со цел вршење на теренската контрола заради спречување на злоупотреба на водоснабдувањето во Булачани.
На оваа акција беше присутен и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, а која се спроведе како резултат на реакциите на граѓаните кои изминатите денови доставија информации до општината дека имаат проблем со водоснабдувањето кој е последица на злоупотреба на водата.
Контролата ќе продолжи и во следните денови.
Апелираме до граѓаните да не се врши злоупотреба на системот за водоснабдување бидејќи истото ќе биде санкционирано.
Извор: Општина Гази Баба