spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП : Mинистерот Нуредини – панелист на Скопје економски финаниски форум –...

МЖСПП : Mинистерот Нуредини – панелист на Скопје економски финаниски форум – СЕФФ

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини  во рамки на вториот ден од Скопје економски финаниски форум – СЕФФ зема учество во панел сесијата посветена на енергија и зелена транзиција. На оваа тема во панелот разговараа и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, евроамбасадорот Дејвид Гир, постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан, директорот на KfW Банката за развој Рене Ешеман, директрот на Банката за социјален развој во Европа, CEB КристијанТабакару, извршниот директор на ЕВН СтефанПитер и претседателот на Регулаторната комисија за енергија Марко Бислимовски.

Беа разменети мислења до каде е Северна Македонија во однос на Европската Унија во процесот на транзиција на економијата кон зелена економија, во однос на постигнување на поставените национални цели за климатска неутралност, со какви предизвици се соочува и како да се надминат.

– Истакнувајќи дека како држава во последните неколку години, активно ги развивавме сеопфатните национални стратегии, политики и планови, пред се Националната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, што е прва таква Стратегија меѓу земјите членки на Енергетската заедница, потоа Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз (eNDC) кој го одразува „Зеленото сценарио“ од Националната стратегија и ги интегрира климатските и еколошките аспекти во препорачаните мерки овозможувајќи севкупна модернизација и трансформација на енергетскиот сектор, па се до Национална стратегија за одржлив развој и Ревидираниот национален придонес кон договорот од Париз, министерот Нуредини ја потврди определбата економскиот развој на нашата држава да ја следи патека со ниско ниво на јаглерод и отпорност кон климатските промени

Тој рече и дека нашата држава има постигнато првичен напредок во имплементирање на финансиските инструменти за ублажување на јаглеродниот отпечаток на економијата во енергетскиот сектор и секторите земјоделие и шумарство, но потенцираше и дека обемот на инвестиции потребни за целосна имплементација на Патоказот за имплементација на нашиот eNDC ја надминува сегашната способност на РС Македонија да ја финансира предвидената транзиција.

– Затоа, потребни се нови или подобрени финансиски инструменти и поддршка– додаде Нуредини.

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...