spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршката од Германија е силна и постојана и се темели на заедничките...

Поддршката од Германија е силна и постојана и се темели на заедничките европски вредности

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во своето обраќање на заедничката прес-конференција со канцеларот Шолц, како дел од неговата официјална посета на нашата земја, истакна дека оваа втора посета за кратко време на еден германски канцелар на нашата земја сведочи за исклучителните добри односи меѓу Северна Македонија и Германија.

Оваа година, потсети премиерот Ковачевски, одбележуваме 29 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и значајна динамика на соработка во сите области и дека поддршката што ја добиваме од Сојузна Република Германија е силна, постојана и недвосмислена.

„Таа поддршка за нас, за Северна Македонија е огромно охрабрување за нашите аспирации да изградиме просперитетно општество кое се темели врз европски вредности, како рамноправен партнер на Сојузна Република Германија и другите земји членки на Европската Унија“, нагласи премиерот Ковачевски на прес-конференцијата.

Премиерот Ковачевски посочи дека оваа посета е дополнително вредна и заради тајмингот во кој се остварува кога во пресрет на јунскиот самит на шефови на држави и влади на ЕУ го очекуваме заслужениот чекор кој ќе го деблокира процесот за почеток на преговорите на нашата земја.

„Посетата на канцеларот Шолц токму во пресрет на тој самит е силен знак на поддршка за исполнетите критериуми на Северна Македонија за безусловен старт на преговорите за членство во Европската Унија. Во овој случај, една од заедничките цели на Северна Македонија и на Сојузна Република Германија е нашата земја да биде членка на ЕУ“, потенцираше Ковачевски во своето обраќање пред домашните и странските новинари.

„Во вкупните односи со СР Германија посебно и значајно место има економската соработка меѓу двете земји“, рече Ковачевски и го нагласи фактот дека Сојузна Република Германија се постави и го задржа првото место во трговската размена со нашата земја вредна 4,2 милијарди евра

„Повеќе од 45% од вкупниот извоз од Северна Македонија завршува во Германија, а дури 200 компании од Германија се партнери на македонските компании, и отворија 20 илјади работни места во нашата земја“, истакна Ковачевски, и дополни дека од оваа средба со канцеларот Шолц упатуваме пораки на охрабрување до германските компании да продолжат со експанзија на своите бизниси како силна поддршка на нашето политичко партнерство, на нашиот заеднички влог во иднината во која Северна Македонија ја гледаме како членка на ЕУ.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...