ИНИЦИЈАТИВАТА на советникот на ЛЕВИЦА за донесување одлука на Совет за изградба на јавни тоалети во Охрид, поднесена на 06.06.2022 година, не беше ставена како точка на дневен ред на 12 Седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 08.06.2022 година.
– Изградбата на јавни тоалети во Охрид е неопходна, како за охриѓани, така и за туристите и тоа на 2 – 3 локации, а не како до сега да се поставуваат некакви којтењери кои се далеку од задоволување на стандардите на еден туристички центар каков што е Охрид.
Беспредметно е да зборуваме за промоција на Охрид како туристички центар, кога, за жал туристите ги користат тоалетите од угостителските објекти и дуќаните.
– Иницијативата како правна форма значи предлог, а не начин на реализација. Начинот на реализација, односно финансиската анализа и законските решенија, им се препуштаат на институциите и службите, по нејзиното усвојување од страна на советот.
– Оттука, го повикуваме Претседателот на Совет на Општина Охрид, на следната 13 Седница на Советот на Општина, оваа, како и другите две поднесени иницијативи од советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска, да бидат ставени на дневен ред.
– Да се потсетиме дека изградба на јавни тоалети во Охрид беше предизборно ветување на градоначалникот и точка од програмата на ДПМНЕ, па со одбивањето на оваа иницијатива ДПМНЕ потврдува дека, како и секогаш, брзо си ги заборава своите предизборни ветувања.
– Со одбивањето на оваа и другите две иницијативи, ќе се покаже и докаже дека Општина Охрид, ниту е заинтересирана за спроведување на проекти од социјален карактер, ниту пак работи за интересите на Охрид и охриѓани.
Извор: ЛЕВИЦА