Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање!
Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија!
Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ!
Така е и денес кога се извојува важна победа за нашата МПЦ-ОА!
Нека биде за многу години и за слава на народот, граѓаните и нашата Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската Патријаршија.
Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија!
На многаја лета…
Извор: ВМРО ДПМНЕ