Мицкоски треба да се извини и да поднесе оставка, аминуваше Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија
Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ треба да се извинат на граѓаните, а ВМРО ДПМНЕ да си побара оставка од Мицкоски, зошто во Ротердам на Конгрес на ЕПП, беше Усвоена Резолуција, спротивна на македонската Резолуција во која се содржани македонските позиции.
Ставот на СДСМ и Ковачевски за државните позиции е јасен.
Залудно ВМРО-ДПМНЕ извртува иронични изјави на премиерот на Република Албанија Еди Рама, за што и од неговиот кабинет кажаа дека коментарот е всушност сарказам насочен кон блокадата на Бугарија за интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
Извор: СДСМ