Првиот човек на Платежната Агенција Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посетија компанијата “ДПТУ АБГ Инвестмент Доо Валандово”.
Управителот на компанијата Ристе Гошевски како млад земјоделец беше избран како соодветен апликант за грант од мерката за поддршка за поттикнување на земјоделското производство. На денешниот настан, директорот Никица Бачовски го врачи решението за исплата со кое се рефундираат трошоците направени за набавка на Мелачка за калинка Делта1 , Мелачка за калинка Ено 15 , Моторизирам резервоар за складирање со пумпа и инокс, наставка за дробилка со бункер за складирање , пумпа за преточување Л+ Д Енос 20 , центрифугален филтер со атом.пумпа , компресор , бочва Инокс 1000 л конус и 500 л конус и иноксен сад за ладење 1000 л .
Директорот Никица Бачовски изрази задоволство што мерките кои се имплементираат преку Агенцијата ги даваат посакуваните резултати. Преку ваквите инвестиции добиваме нови македонски брендови на преработки од овошје кои ќе се пласираат на домашните и странските пазари.
“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во 2021 година склучи договори за финансиска поддршка со 265 млади земјоделци како поддршка за поттикнување на земјоделското производство. ДПТУ АБГ Инвестмент како компанија управувана од млад земјоделец е еден од добитниците кој успешно ја реализираше својата инвестиција која предвидува опрема за преработка на калинка. Поддршката е по принцип на грантирање од 100% на направените прифатливи трошоци, односно АФПЗРР ја финансира целата инвестиција која изнесува близу 630 илјади денари” – појаснува директорот Бачовски.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со поддршка на земјоделското производство и производството на храна со отворање на можности за финансиска поддршка преку националните програми и ИПАРД програма.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој