Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 18-806/2 од 07.06.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за 4 учесници на транснационален семинар на тема:
Проценка на буџетот за реализација на предлог за партнерства за соработка
01-04 ноември 2022 година – Пафос, Кипар
Овој транснационален контакт семинар има за цел да понуди насоки како да се овозможи користење на модел на паушално финансирање т.н. lump sum funding model за подготовка и имплементација на квалитетни и економични КА2 проекти во согласност со правилата на Еразмус+ програмата 2021-2027 година.
Семинарот ќе обезбеди дополнително теоретско и практично знаење и искуство за тоа како да се избере најсоодветниот единечен паушален износ за покривање на трошоците на проектот, врз основа на неговите идентификувани потреби и очекувани резултати, но и како да се опишат активностите што треба да ги спроведат организациите учеснички во линија со избраниот паушален износ.
Семинарот подеднакво се фокусира на партнерствата за соработка и од мали размери, имајќи во предвид дека тие имаат различни административни барања, а се однесуваат и на почетници-организации, но и на организации со искуство.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕМИНАРОТ:
Учесниците ќе имаат можност да прават успешни процени за потребниот буџет за спроведување на парнерствата за соработка.
ЦЕЛНИ ГРУПИ:
Потенцијални корисници почетници, но и такви кои веќе имаат исуство, а кои би сакале да аплицираат со предлог-проекти за партнерства за соработка и партнерства од мал обем во програмата кои се дел од училишно, стручно и високо, како и образование за возрасни.
КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 26 јуни 2022 година. Апликацијата се пополнува и поднесува на следниот линк: https://salto-et.net/events/show/CY01_0355_TSS_2022 најдоцна до 26 јуни 2022 година до 12 часот на пладне.
Сите апликации поднесени по предвиденото време нема да бидат земени во предвид.
АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ:ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Принципот на покривање на трошоци е следниов:
- Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот/координаторот;
- Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19 . Активностите планирано е да се одржат во Пафос, на Кипар. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност