spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Во посета на млади земјоделци во Валандово кои развиле производство на...

МЗШВ: Во посета на млади земјоделци во Валандово кои развиле производство на органски сок од калинка со грантова поддршка до 20.000 евра од Програмата за рурален развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, беа во посета на млади земјоделци- браќата Душко и Ристе Гошевски од Валандово.

Браќата Гошевски се основачи на „Кувет“, семеен бренд на органски производи од Валандово. Тие се добитници на грант за млади земјоделци во вредност до 20.000 евра, а средствата ги имаат вложено во набавка на нова производствена линија со која започнале произвoдство на органски сок од калника. На денешнaта средба, министерот Николовски и директорот Бачовски им го врачија решението за исплата, со кое се рефундираат трошоците направени за набавка на опремата за производство. Освен сокот од калинки, под брендот „Кувет“ се произведуваат и ракија од калинка, ракија од јапонско јаболко, намаз од маслинка и други производи.

Поддршката која ја даваме на младите земјоделци преку овие грантови е знајчајна, ги мотивираме и им помагаме да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор. Овие мерки даваат ефект, па се повеќе расте бројот на млади земјоделци од година во година. Преку Програмата за рурален развој, им помагаме на младите земјоделци со два гранта, еден до 10.000 евра преку мерката 112 „Поддршка за младите земјоделци да започнат со земјоделска дејност“ и вториот грант до 20.000 евра преку мерката 113 „Поддршка на младите земјоделци за потикнување на земјоделското производство“.

За двете мерки аплицирале 370 млади лица, од нив грантот веќе го реализирале 168 апликанти, од кои 118 за грант до 20.000 евра и 50 апликанти за грантот до 10.000 евра. Вкупната финансиска поддршка за досега исплатени грантови изнесува 112 милиони денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во 2021 година склучи договори за финансиска поддршка со 265 млади земјоделци како поддршка за поттикнување на земјоделското производство по принцип на грантирање од 100% на направените прифатливи трошоци.

Преку ваквите инвестиции добиваме нови македонски брендови на преработки од овошје кои ќе се пласираат на домашните и странските пазари.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...