spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedДЗС: Деловни услуги, 2020 година

ДЗС: Деловни услуги, 2020 година

Во 2020 година, претпријатијата со над 20 вработени што биле ангажирани во набљудуваните деловни услуги1), речиси целокупниот промет го оствариле со обезбедување специјализирани услуги за кои се регистрирани, освен претпријатијата ангажирани во обезбедување консултантски услуги во врска со управувањето (93.9 %).

Во однос на седиштето на деловниот субјект за кој е извршена деловната услуга, 43.8 % од прометот е создаден со обезбедување услуги за домашни купувачи, 29.8 % во некоја од земјите на ЕУ, а во останатите земји се реализирани 26.4 % од вкупниот промет.

Претпријатијата регистрирани за компјутерски услуги реализирале најголем промет од услугите наменети за странски клиенти (67.7 %), од кои 34.6 % за некоја од земјите на ЕУ. Според видот на услугата, најголем дел од прометот бил реализиран од компјутерско програмирање (58.0 %), потоа следи обработката на податоци (12.7 %),  компјутерски консултантски услуги (9.1 %), управување и одржување на компјутерски мрежи и системи (7.9 %), додека 1.4 % од прометот е остварен од трговија со компјутерска опрема и софтвер.

За домашните купувачи, деловните услуги се обезбедуваат, главно, во областа на посредувањето при вработување (95.6 %), како и во областа на правните (86.3 %) и сметководствените услуги (81.0 %). Правните совети се обезбедуваат најмногу во делот на судски спорови од деловно и трговско право (27.1%), нотарски услуги (17.9 %), додека сметководствените услуги се главно од вршење сметководствени услуги (52.6 %), финасиска ревизија (29.1 %), како и советодавни услуги во врска со данокот (5.3 %).

Консултантските услуги претежно се однесуваат на управување со работењето (29.7 %) и тоа главно во делот на човечкиот потенцијал (14.6 %) и деловните процеси (11.2 %).

Во областа на рекламните услуги, 58.2 % од прометот бил генериран од рекламни агенции преку продажба на огласен простор или време со надомест или врз база на договор (27.2 %), изработка на комплетна реклама (13.6 %), услуги за развој на концепт за реклама (9.8 %). Преку медиумите биле реализирани 32.3 % од прометот, и тоа најмногу преку продажба на простор/време со надомест или врз база на договор, на ТВ/радио (18.9 %), односно 9.0 % преку интернет.

Агенциите за вработување реализирале најголем промет преку посредување за привремени вработувања (65.9 %) и тоа најмногу за помошен канцелариски кадар (28.6 %), транспортни, магацински, логистички или индустриски работници (10.9 %), комерцијален и трговски кадар (9.8 %) и компјутерски и телекомуникациски кадар (7.6 %).

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте