Во рамките на интензивната работна агенда, директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, ја посети и Управата за заштита на културното наследство, каде што оствари работна средба со директорот Аријан Асланај, со кого разговараа за меѓусебната соработка на овие две институции.
Директорот Села му се заблагодари на својот колега за гостопримството и истовремено му понуди поддршка со прецизни насоки за имплементирање на Законот за употреба на јазиците во оваа институција, како орган во состав на Министерството за култура.
Од друга страна, директорот Асланај, изрази волја и подготвеност да ја реализира законската обврска, истакнувајќи дека очекува помош и соработка меѓу двете страни за понатамошна успешна реализација на овој процес.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните