Државната комисија за спречување на корупцијата беше дел од Вториот меѓународен вебинар на тема „Дизајнирање и имплементација на ефективни системи за заштита на укажувачите“. Вебинарот се одржа на 15 јуни 2022 година, во рамките на имплементацијата на Годишниот работен план на НЦПА мрежата (Мрежа на органи за спречување на корупцијата) под претседавачот на Грчката национална управа за транспарентност (НТА).
Заштитата на укажувачите е прашање од глобален интерес и тоа се одрази на широката географска дистрибуција на присутните. На вебинарот присуствуваа повеќе од 100 учесници, претставници на властите на Мрежата како и антикорупционери од Европа, Азија, Африка и Латинска Америка.
Воведниот збор го имаше г-дин Јоанис Фустанакис кој го претставува претседавачот со Мрежата.
Во текот на првиот дел од вебинарот, истакнати говорници, претставници на Европската Унија, Антикорупциските власти на Италија, Молдавија, Палестина, Романија, Јужна Африка и Регионалната антикорупциска иницијатива ја презентираа Европската директива како и нивните искуства на национално и регионално ниво за регулативата. на Рамката за заштита на укажувачите.
Во вториот дел, каде Државната комисија за спречување на корупцијата зема активно учество, се разговараше за предизвиците и можностите поврзани со практичната имплементација на регулаторната рамка и предизвиците со кои се соочуваат земјите учеснички поврзани со темата.