spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПродолжуваме со меѓусебна соработка без отворени прашања

Продолжуваме со меѓусебна соработка без отворени прашања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на маргините на Преспа форумот за дијалог во Охрид, вчера се сретна со претседателката на Република Косово Вјоса Османи-Садриу.

За време на разговорот беше истакнато дека Република Северна Македонија и Република Косово имаат традиционално позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка со отворен дијалог на сите нивоа без отворени прашања.

Премиерот Ковачевски и претседателката на Косово Османи-Садриу ја истакнаа и Продолжуваме со меѓусебна соработка без отворени прашања и соработка која што бележи раст секоја година и за која владите на двете земји посветија посебно внимание и на заедничките меѓувладини седници.

За Северна Македонија, беше речено на средбата, Косово е меѓу најважните трговски партнери, а интензивирањето на соработката особено во делот на инфраструктурата и поврзувањето придонесува за стабилноста и развојот на целиот регион.

На средбата премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија ја поддржува визната либерализација за граѓаните на Косово.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...