spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на дебата во МАНУ за Рефлексија2030

МНР: Османи на дебата во МАНУ за Рефлексија2030

Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и во непосредна соработка со МНР на Република Северна Македонија, на 9 јуни 2022 година во просториите на МАНУ се одржи тематска дискусија посветена на Стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија  “Рефлексија 2030”.

 На конференцијата воведни обраќања имаа раководителот на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, академик Владо Камбовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 Во воведното обраќање Министерот Османи истакна дека Северна Македонија како созреана демократија, членка на НАТО и кандидат за ЕУ има потреба од донесување на сеопфатна Стратегија за надворешна политика “Рефлексија 2030”, изразувајќи очекување дека преку овој клучен документ на најсоодветен начин ќе бидат определени најважните надворешно – политичките цели на државата и ќе бидат адекватно адресирани пошироките општествени ставови, искуства и знаења во однос на соочувањето со големиот број  на актуелни и современи предизвици на глобално ниво.

 Mинистерот Османи се осврна и кон прашањата кои се однесуваат на нашиот ангжман во НАТО, очекувањата за забрзување на евроинтеграцискиот процес, потребата од поголема внатрешна ангажираност, одговорност и единство, напредокот во стратешкиот дијалог со САД, подготовките за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, како и кон други важни теми и прашања.

 Во текот на дискусијата активно учество земаа членови на МАНУ, научни работници  од академската заедница на Северна Македонија и експертите од областа на меѓународното право, меѓународни односи и меѓународните комуникации, кои се осврнаа и разговараа околу концептот за изградба на нашата стратегија за надворешна политика. Ова ќе придонесе и за предвидливо дејствување на нашата дипломатија во наредниот клучен период, како и за други клучни прашања кои се поврзани со остварувањето на стратешките надворешно политички, безбедносни и економски интереси на државата и нејзините граѓани.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...