spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Технолошките иновации да ги употребиме за подобрување на услугите

МИОА: Технолошките иновации да ги употребиме за подобрување на услугите

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска ја пречека на работна средба, гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска Бежоска.

Двајцата разговараа за можностите за соработка во сферата на дигитализацијата.

„Иновациите што ги произведуваат новите технолошки модели, што ги олеснуваат и помагаат во подобрувањето на услугите, се едни од нашите приоритети. Затоа и се согласивме дека е важно да ги употребиме сите наши капацитети во реализацијата на нашите цели”, се согласија соговорниците.

Алити и Бежоска ќе ја продлабочат соработката и ќе продолжат со средбите и во иднина за конкретни чекори.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...