spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВладата ги излажа синдикатот и работниците дека ќе ги покачи платите, нека...

Владата ги излажа синдикатот и работниците дека ќе ги покачи платите, нека престанат да крадат ќе има за сите

Беше 1 мај кога, ако не се лажам, кога се одржа средбата по повод Денот на работникот во рамките на Владата. Излегоа синдикатот заедно со владата, држеа прес конференција и таму рекоа дека барањето на синдикатот е прифатено и ќе имаме повисоки плати, поголем стандард и сите среќни се сликаа се испогушкаа и си заминаа секој по дома, претпоставувам.  За да месец дена потоа, гледаме дека и тоа било една голема невистина.

Јас јавно го повикав омилениот синдикалец на власта да дојде до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да го достави амандманот и во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тој амандман да го предложиме за време на комисиската расправа. Дојде, дојдоа и претставници на други синдикални организации, за тоа сме ние, за тоа сме бирани од народот, да ги слушнеме аргументите на определени организации за да можеме да им излеземе во пресрет. Во случајов, тоа и го направивме. Дојдоа тие, дадоа амандман, го поднесовме тој амандман и имаше и расправа, видовме кој е за а кој против, кој бил лицемер, кој не бил лицемер и кој ја говорел вистината а кој не ја говорел вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ која се емитува на Телевизија 24.

Мицкоски додаде дека министерот Фатмир Бесими рекол дека зголемени се приходите за 15 или 20% и рече тоа зголемување е ништо за вработените во државната администрација во споредба со тоа зголемување на министерот. Додаде дека ако има толкави зголемувања, наместо во крадење тендери и тендери во четири очи, нека им ги дадат луѓето за барем нешто од нешто да видат од овие кризи.

Платите и пензиите секаде се приоритет и тука да немаме дилема, стандардот на граѓаните е приоритет. Делот од тие приоритети е и ова, не знам зошто не би било приоритет. Приоритет беше и да се намалат даноците за да можат производите што ги користат граѓаните поевтини, даночната стапка за дел од тие производи да се врати онаква каква што беше пред 30 јуни 2022 година. Од тоа трошење владата не сака да се откаже, не сака да се откаже од 430-440 милиони евра стоки и услуги, рекордни до сега, рече Мицкоски.

Со почит,

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте