spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВМРО-ДПМНЕ нема да запре, бараме сите вработени во јавниот сектор да добијат...

ВМРО-ДПМНЕ нема да запре, бараме сите вработени во јавниот сектор да добијат зголемување на платите

Почитувани,

На првиот ден од амандманската расправа мнозинството одби три клучни амандмани.

Првиот беше за намалувањето на ДДВ-то на храната од 5% на 0%, вториот беше за издвојување на средства за акцизите и ДДВ-то за намалувањето на цената на горивото и третиот е суштинскиот амандман кои што беше одбиен. Беше одбиен амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари.

Ние во текот на утрото како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на Комисијата за финансирање и буџет остваривме средба со Дарко Димовски и со делегација од Синдикатот на која што се договоривме дека особено внимание ќе посветиме на тој амандман.

За жал, мнозинството го одби и тука сакам да изразам жалење зошто се случи тоа. Ние потворно ќе оствариме средба со ССМ за да ги информираме зошто нивното барање е одбиено. Јас тука сакам да кажам дека веднаш по завршувањето на таа средба со ССМ, ние нема да запреме тука и повторно комисиски ќе поднесеме амандман за да може сите врабтени во јавниот сектор да добијат по 2806 денари заради тоа што тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МП: Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

0
Министерството за правда во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија во Скопје, ја организираше првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите...