Покрај информативна улога за успесите и поразите, спортското новинарство е нужно за критичка опсервација преку која ќе се детектираат сите недостатоци во спортскиот свет, надлежните институции, федерации, клубови и останатите спортски работници.
Денеска директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски учествуваше на дебата под наслов “Спортското новинарство во слободен пат”, на којашто сите учесници заклучивме дека тоа не смее да се случи.
Спортското новинарство е еден од најсилните партнери и пријатели на македонскиот спорт.
Агенција за млади и спорт дава целосна поддршка на спортските новинари, клучни учесници во унапредувањето на спортот во нашата држава.
Извор: Агенција за млади и спорт