Општина Карпош ја ангажираше фирмата „Дигитал“ која деновиве изврши замена на четириесет и две стари арматури со 2 x 49W флуо цевки и инсталирана снага од 4,6 kW, со 28 нови ЛЕД светилки.
Заштедата на инсталираната снага воедно подразбира и 60% помала потрошувачка на енергија. Нивото на осветленост е двапати поголемо и трајноста на светилките е 70.000 работни часа.
Новите светилки имаат заштитна поцинкувана мрежа отпорна на удари што е соодветно за користење во вакви услови.
За оваа намена, локалната самоуправа издвои парични средства во висина од 190.000 денари.
Извор: Општина Карпош