spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКСС“ ССМ се кити со туѓи заслуги “

“ ССМ се кити со туѓи заслуги “

Изјавите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека најавениот штрајк ги дава резултатите, односно дека во Град Скопје и ЈСП се покачени платите како заслуга на ССМ се НЕВИСТИНИТИ.

 

Репрезентативната синдикална организација на Град Скопје во рамки на гранскиот синдикат ССКО при КСС и Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска потпишаа измени на Колективниот договор на ниво на работодавач Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.

Во Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП, Управниот одбор на ЈСП го прифати барањето на Независниот синдикат на возачите при КСС, потпишана е спогодба и донесена е Одлука за линерано покачување на платите во износ од 2800 денари.

Синдикалните организации на ниво на работодавач при КСС се оние кои потпишуваат спогодби за покачување на платите, а ССМ очигледно се неспособни за ова, па ги манипулираат вработените дека ова се нивни заслуги.

Исто така ја информираме јавноста дека КСС води активни преговори  за покачување на платите и во повеќе локални самоуправи и јавни претпријатија, што само по себе покажува дека социјалниот дијалог на локално ниво е жив и заложбата на новите раководства на локалната самоуправа да излезат во пресрет на работниците се очигледни и за поздравување.

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...