Директорот на АМС Наумче Мојсовски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ, потпиша Меморандум за соработка во интерес на спортот и младите од двете земји.
Носители на содржината на Меморандумот министерството за граѓански работи на Босна и Херцеговина и Агенција за млади и спорт .
Оваа соработка доаѓа по одржувањето на балканските школски спортски игри кои се одржаа во Охрид, организирано од АМС и македонскиот Сојузот на средношколци.
Двете земји имаат мотивација за соработка, како и потенцијал за унапредување на соработката во интерес на младите и спортот, преку размена на информации, летни кампови и натпревари.
Извор: Агенција за млади и спорт