spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДорјан: Игралиште во чест на Емилија Динева

Дорјан: Игралиште во чест на Емилија Динева

Донаторите на органи се вистински херои, Емилија Динева е една од нив. Нејзиното име засекогаш ќе биде запаметено во поновата медицинска историја кај нас, таа беше и ќе остане синоним за добрина, хуманост, човекољубие.
Емилија на еден несекојдневен начин, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство – продолжи да живее, нејзиното срце физички, а нејзиниот дух и убавината на нејзиното постоење емотивно, во секој од нас.
Навршија две години откако нашата драга сограѓанка, органодонор – Емилија, не е физички помеѓу нас, токму затоа сите ние, соседи, пријатели, роднини, почитувачи на нејзиното дело, познавајќи ги нејзините желби го направивме ова детско игралиште, за постојано овде да се слуша детски џагор, онака како што таа сакаше… да биде опкружена со деца, со смеа, најмногу од се, со љубов. Токму на таков начин е изградено и ова игралиште – со донации, со желба да постои, со многу почит и љубов. Ви го предаваме вам, драги пријатели, добронамерници, да престојувате овде и засекогаш да го зачуваме споменот за нашата драга сограѓанка.
Збогувањата се само за оние кои љубат со своите очи. Затоа, за оние кои сакаат со срцето и душата не постои такво нешто како разделбата. Емилија, ти не не напушти, иако твоето срце продолжи да чука во друго тело и не си физички помеѓу нас, убавината на твоето постоење засекогаш ќе го носиме во себе.
Ти благодариме за добрината која ја остави позади себе, твоето име ќе биде забележано во колективната меморија на нашиот народ и ти, драга Емилија никогаш нема да бидеш заборавена.

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...