На маргините на овогодишниот Преспа форум за дијалог, на 17 јуни 2022 година министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари неформална средба со постојани претставници на повеќе земји учеснички во ОБСЕ кои присуствуваа и на ПФД.
На состанокот на кој учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит се разговараше за моменталните безбедносни предизвици во регионот на ОБСЕ и улогата на земјите учеснички и нивниот придонес кон агендата на Организацијата и во надминувањето на актуелната криза.
На средбата беа споделени размислувања за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година со посебен акцент за нашиот ангажман во дадениот сложен геополитички контекст.
Претходно на 16 јуни, тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со Генералната секретарка на Организацијата, усвоија Заедничка изјава.