Министерот за образование и наука Јетон Шаќири завчера оствари средба со амбасадорот Каират Абдрахманов, Висок комесар на ОБСЕ за националните малцинства, на која се разговараше за тековните реформски процеси и активности за постигнување подобар квалитет во сферата на образованието.
– Инклузивноста е еден од главните столбови во реформскиот процес, а од друга страна, многу е направено во негувањето на меѓусебната доверба и рушењето на предрасудите и стереотипите во нашите училишта во последните години и ќе продолжиме да работат на тие прашања, истакна министерот.
На средбата се разговараше и за реформите во стручното образование во средните училишта, при што министерот го запозна Високиот комесар на ОБСЕ за креирањето нови профили во средните училишта врз основа на потребите на пазарот на труд, по широката дебата која се водеше помеѓу МОН, училиштата, локалната заедница и компаниите
Министерот изрази благодарност за улогата и приодонесот на ОБСЕ за промовирањето на образованието на мајчин јазик на сите етнички заедници кои живеат во Северна Македонија како многу важен чекор кон меѓусебното разбирање и имплементација на човековите права.
– Мора да ја цениме и вреднуваме постојната различност на нашето општество и да ја сметаме за сила од која можеме само да имаме корист, потенцираше Шаќири.