spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМТСП: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја...

МТСП: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска завчера вечер во Битола, присуствуваше на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ во организација на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.  Целта на кампањата која започна од почетокот на месец јуни, е подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.

Министерката Тренчевска се осврна на политиките и преземањето на конкретни активности, на Владата и министерството за труд и социјална политика, кои се во насока на  унапредувањето на детската заштита.
„Министерството за труд и социјална политика, преку законски решенија, стратегии, програми и активности работи на создавање на услови за секое дете, да расте и се развива во средина блиска на семејната. Правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа им овозможува на децата развивање во здрави личности кои ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината,“ рече министерката.

Таа истакна дека, Министерството спроведувајќи го процесот на деинституционализација има преземено низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства. Како и дека, на полето на развој и унапредување на услугата сместување во згрижувачко семејство се прават напори да се прошири мрежата, да се подигне квалитетот на грижа во постоечките згрижувачки семејства и да се развијат специјализирани згрижувачки семејства.
Таа се осврна и на воспоставувањето на Центрите  за поддршка на згрижувачки семејства кои ја промовираат услугата згрижување во семејство, подготовка,  проценка  и  обука  на  идни  згрижувачки како и да ги  следи  и  дава  поддршка  на постојните згрижувачки семејства.

„СОС Детско село кој е наш долгогодишен партнер во грижата за децата без родители и родителска грижа. И сосема природно е да се вклучи во  овој процес преку воспоставување на Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамките на установата.
За оваа услуга Министерството за труд и социјална политика склучи договор со СОС Детско село за финансиска поддршката на 60 згрижувачки семејства.

На ниво на држава, воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во моментот во државата има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници.

Кампањата е организирана со поддршка на проект, кој го води СОС Детско село со поддршка на Министерство за труд и социјална работа. Проектот е наречен Право на семејство – „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца”.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...