Во дводневна посета на Општина Виница беше Градоначалникот на збратимената општина Банско од Република Бугарија, Иван Кадев.
Тој беше придружуван од заменик градоначалникот Сашка Вчкова, претседателот на општинскиот совет Костадин Загорчин и началничката на одделението за јавни набавки и проекти Цветанка Обецанова.
Целта на средбата е координација за проекти за меѓугранична соработка како дел од ЕУ фондовите со кои проекти Општина Виница и Банско заеднички ќе аплицираат.
За време на оваа посета делегацијата од Банско оствари и средба со бизнис секторот во Виница, го посети музејот Теракота и Виничини центар за развој и прогресивна академија која е единствена верифицирана академија за извршни менаџери во Македонија.
Извор: Општина Виница