spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Нов саботен приемен ден за жителите на општината

Кисела Вода: Нов саботен приемен ден за жителите на општината

Продолжуваат приемните денови за жителите на општина Кисела Вода. Завчера, со градоначалникот Ѓорѓиевски, средба остварија преку 40 граѓани.

 

На заедничка маса се дискутира околу проблемите што ги имаат и динамиката на нивното решавање, а се изложуваат и многу идеи и предлози за реализација на нови проекти.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги информира за преземените активности и плановите на локалната самоуправа кои се поврзани со нивното место на живеење. Граѓаните пак, поочија на новонастанатите проблеми, за што добија уверување за побрза реакција, секаде каде што решението е во надлежност на Општина Кисела Вода, бидејќи, како што потенцираше градоначалникот, подобрувањето на условите за живеење е во заеднички интерес и негова примарна цел.

Приемните денови ќе продолжат со несмалена динамика. Се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...