Утрово заедно со претставници од Шумарскиот факултет и членови на Советот на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на Заштитеното подрачје “Интегрална целина Острово”, каде заеднички утврдија дека е потребно отпочнување на процес за повторно прогласување на Заштитено подрачје “Интегрална целина Острово”, а општина Гази Баба прифаќа да биде партнер и поддршка на Шумарскиот факултет.
Заштитеното подрачје “Интегрална целина Острово” се состои од три подрачја:
Првиот дел е наречен Езерце и истиот преставува место каде што се гнездат различни видови на птици, а уште се нарекува и место за гнездење, одмор и прелет на различните видови на птици.
Вториот дел е наречен Арборетум што преставува збирка на ралзични алохтони видови на дрвја, односно дрвја на кои ова не им е природно живеалиште туку се насадени за научни цели. Истата е подигната во 50тите години на минатиот век и содржела околу 600 видови дрва од целиот свет. Во тоа време дел од арборетумот се користел за производство на садници.
Третиот дел е наречен Острово кое преставува поранешно островче на два крака на реката Вардар, мало подрачје на сочувана автохтона вегетација и живеалиште на голем број на различни животни.
Ова заштитено подрачје треба повторно да го добие статусот на заштита од државата бидејќи претставува природна убавина од редок тип.
Извор: Општина Гази Баба