spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Тампонирање на критичните точки за привремено да го решиме проблемот со...

Гостивар: Тампонирање на критичните точки за привремено да го решиме проблемот со оштетувањата на улиците во Долна и Горна Бањица

Нашите екипи почнаа со тампонирање на критичните точки за привремено да го решиме проблемот со оштетувањата на улиците во Долна и Горна Бањица поради изведување на работите.
Потсетуваме дека во двете Бањици во тек е поставувањето на канализација каде што реализиравме околу 3500 метри, а останаа да се постават уште 668 метри.

Потребно беше време за решавање на наследените проблеми на три критични точки, каде што изнајдовме трајни решенија.

Во тек е и поставување на нов водовод, при што азбестните цевки се заменуваат со нови, со цел да се зголеми дотокот на вода и здрава вода за потрошувачка. По завршувањето на сите работи, се надеваме дека наесен ќе започнеме со асфалтирање на улиците во двете Бањици.

Бараме трпение и разбирање од страна на жителите за создадениот проблем, но се залагаме и за трајно решение за инфраструктурните проблеми стари над 30 години во овие населени места.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте